Од денеска во Словенија стапуваат во сила стpoги koвид мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хаос на улиците во Љубљана во Словенија се случи доцна синоќа откако противниците на ковид мерките се судрија со полицијата.
На жестоките протести им претходеа два часа мирен собир, а демонстантите упатија две барања до Владата: промена на мерките за борба против ковид-19 во препораки и оставка. Незадоволните граѓани фрлаа факели кон парламентот, а полицијата им возврати со солзавец.

Состојбата ескалира откако непознато лице фрли шише кон полицаец, а насобраната толпа луѓе се доближи во влезот во зградата на собранието. За да ја растера толпата, полицијата одговори со солзавец и водени топови. Првично, пријавени се повреди кај неколкумина полицајци.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша се обрати до јавноста преку својот профил на Твитер, и порача дека нема да попуштат пред демонстрантите “уличното насилство никогаш не донесе ништо добро“, напиша Јанша.

Денеска, на првиот ден од примената на строгите антиковид-мерки во земјата има мали одделни групи од невакцинираните кои што протестираат, но без инциденти.

„Дефинитивно, да чекаш постојано во редици, да плаќаш тестови, или да имаш потврда од работодавците е навистина напорно, се троши многу енергија, а со тоа се создава притисок на луѓето да се вакцинираат. И мислам дека успеваат, сепак се надевам дека на крајот нема да успејат.“

„Одлучив да се вакцинирам иако ми беше малку страв, бидејќи вакцината е нова, но повеќе не се плашам.“Граѓани, Љубљана

Со одлука на Владата, од вчера, вработените во јавните институции и компании, како и нивните клиенти, ќе треба да имаат сертификати за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за Ковид-19. Сертификатот е задолжителен и за влез во трговски центри и јавен превоз, освен за ученици од основно и средно училиште, а потврди се бараат и во здравствените установи, освен во итни случаи. Најголемо незадоволство има кај возачите кои што што не може да си наточат гориво на бензинските пумпи бидејќи пумпата за гориво се активира само кога возачот со документи докажува дека прележал Ковид-19, дека бил вакциниран или има негативен тест не постар од 48 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This