Од денеска пазарни инспектори во контроли низ маркетите – министерот Бектеши најави замрзнување на цени и за други производи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година, информираше Министерот за економија, Крешник Бектеши на „Топ тема“.

„Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 отсто за четири години, колку што не е направено со години наназад“, рече Бектеши.Тој напомене адека нивото на невработеност е помало од 16 отсто.

„Во 2017 беше 24 проценти. Минималната плата од 9 се искачи на 15.200 денари и ова е од кога сум јас министер за економија“, рече Бектеши.Тој најави дека доколку податоците од Државниот завод за статистика покажат дека има зголемување на цените на другите производи, владата ќе ја прошири листата на замрзнати цени. Според него, одлуката за замрзнување на цените која што беше донесена на последната седница на Владата веќе е објавена во Службен весник и стапи на сила. 

Од денеска, како што рече, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите. 

„Чекаме во текот на оваа недела дополнителни информации од страна на Државниот завод за статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа“, посочи министерот Бектеши. 

На прашањето дали Владата ќе им помогне финансиски на компаниите кои произедуваат прехранбени производи и кои се опфатени со одлуката за замрзнување на основните прејхранбени производи, министерот потенцираше дека Владата во изминатите неколку години даде значителна финансиска поддршка за бизнисот. 

„Во последните три/четири години стопанството е најмногу поддржано. Во последните години се одвојуваат по 15 милиони евра годишно и досега над 500 компании добиле финансиска поддршка за отварање на нови работни места, за воведување на нови производи, за нови производствени погони“, додаде Бектеши. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This