Од денес е д-р Ахмети: Али Ахмети стана почесен доктор на науки на тетовскиот универзитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовскиот Универзитет се почести себе си и Албанците доделувајќи му титула Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денешниот чин на Тетовскиот Универзитет за доделување на титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, го оцени како една правилна одлука и одлука со која всушност се почести Тетовскиот Универзитет но и сите aлбанци затоа што, како што вели и Ниче, „почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата.„

Груби исто така кажа дека личност како што е лидерот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, кој целиот негов живот го има посветено на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството, посветувајќи се целосно во услугата кон другите, вакви личности нацијата ретко раѓа.

Првиот вицепремиер им честита на ректорот, сенатот, академскиот кадар, студентите и сите оние кои се жртвуваа децении наназад за подигање на храмот на знаењето, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула доктор Хонорис Кауза, затоа што со честа кон него тие прават чест за сите други заслужни личности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This