April 26, 2024, 12:07 pm

Од зapaбoткaтa ќe ви ce cвpти вo глaвa: Деветгодишно момче тpeтa година по ред е најплатен јутубер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деветгодишно момче заработи речиси 30 милиони долари оваа година од отпакувањето и рецензирањето играчки и игри, што трета година по ред го направи најплатен јутјубер.

Рајан Каџи од Тексас заработи 29,5 милиони долари од својот Јутјуб канал „Светот на Рајан“, како и 200 милиони долари од брендирани играчки и облека. Тој исто така потпиша договор за сопствена ТВ-серија на „Никелодеон“, чија вредност не е позната.

Каџи првпат почнал да објавува видеа на Јутјуб во март 2015 и неговото семејство денес држи девет канали. Најпопуларен од нив е „Светот на Рајан“, кој има 41,7 милиони претплатници и 12,2 милијарда прегледи.

Десетте најплатени јутјубери за оваа година заработиле вкупно 211 милиони долари, објави „Форбс“. Зад Рајан е Џими Доналдсон (Мистер Бист) со 24 милиони долари, а на седмото место е шестгодишната Русинка Настја со заработени 18,5 милиони долари. Таа има 191 милион претплатници на својот канал, на кој со татко ѝ се играат со лего коцки, прават домашни работи и објаснуваат вируси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This