Од МОН се правдаат, платформата не функционира бидејќи се тестира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За целосна функционалност на националната платформа за онлајн-учење се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови, соопшти Министерството за образование и наука откако падна системот и платформата www.schools.mk не е достапна.

– Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата, информира МОН кое викендов соопшти дека платформата е достапна за користење од учениците и родителите.

Министерството за образование и наука веќе испрати и насоки до сите училишта да им достават кориснички лозинки на учениците, а за нејзино користење беше спроведена и обука за наставниците.

Платформата треба да ја користат околу 250 000 ученици и 25 000 наставници на пет наставни јазици. МОН ја креираше во соработка со ФИНКИ и со помош на комората за ИТ-технологии – МАСИТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This