Од Националната Угостителска Комора инсистираат за надомест на штета од Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното соопштение наведуваат дека не сакаат празни ветувања од министри, туку конкретни владини мерки за надомест на штетите и загубите. Напоменуваат дека ќе ги запазат сите законски права и процедури во остварувањето на нивните права за поднесување на надоместок на штета не само за последните рестриктивни мерки туку и за претходно донесените.

Како што напоменавме во нашите минати соопштенија и изјави, овојпат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на Комисијата за заразни болести од која ќе побараме да ни ги достави записниците од состаноците со сите образложенија зошто се овие мерки селективни и дискриминирачки и зошто додека на едни (угостителите) во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа со препораки преку Владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици и консеквенции од своето работење, се вели во соопштенито.

Од Комората се надеваат дека Владата ќе ги послуша барањата на, како што велат, 6.500 угостителски објекти и 35.000 илјади вработени.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This