ОД ОВА CTPABУВА ЗАПАДОТ: Гpaѓaнcka вojнa во Македонија и формирање на Голема Албанија ако нeмa Европска пpecпekтива за Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР), аналитички центар во чиј одбор членуваат десетици главно леви европски политичари, меѓу кои и Радмила Шекеринска, предупредува на опасноста од граѓанска војна во Македонија по неуспехот во Брисел.

Во анализата објавена од страна на ЕЦФР се вели дека одлуката на Европскиот Совет да не го дозволи отворањето преговори со Македонија и Албанија ќе предизвика нова борба за Балканот која може да води кон негова поделба на зони под албанско и српско влијание.

Набљудувачите на состојбите сакаат да кажат дека тоа што Милошевиќ не успеа да го постигне низ војна, Вучиќ ќе го постигне низ мир. Без домашна опозиција и критички медиуми, српското раководство ја води својата надворешна геополитичка борба без да се соочи со отпор. Сето ова може да води до регионално реорганизирање во кое ЕУ ќе игра мала улога. Регионот ќе се подели на зони на влијание доминирани од Србија и Албанија. Во отсуство на една сила доволно моќна да се наметне во регионот, оваа поделба ќе биде логичен исход. За Албанија, ова ќе значи враќање на движењето за формирање на Голема Албанија – идејата за обединување на сите Албанци од Албанија, Косово, „Северна“ Македонија и пошироко. А од гледна точка на „Северна“ Македонија, последно нешто што и треба на земјата е дестабилизација преку нејзиното албанско малцинство – се предупредува во анализата на ЕЦФР, напишана од Весела Чернева и Тара Варма.

Аналитичкиот центар, кој беше основан во голема мерка со финансиски средства од Џорџ Сорос, предупредува дека Европскиот Совет не сакал да ги награди „неверојатните напори“ кои ги вложила Македонија, со потпишувањето на Преспанскиот договор.

Владата на Зоран Заев силно се надеваше на преговорите со ЕУ, но сега распиша избори за во април. Се очекува политиката повторно да биде доминирана со борба околу симболиката, а опозициската партија ВМРО веќе го напаѓа Преспанскиот договор – пишува во анализата.

ЕЦФР препорачува ЕУ да именува свој пратеник за Балканот, откако САД веќе именуваа двајца – Метју Палмер и Ричард Гренел, со цел да се спречат упадите на земји како Русија и Кина во регионот.

Според ЕЦФР, францускиот претседател Емануел Макрон најави приближување кон Русија, со цел да се обесхрабри натамошното приближување на Русија и Кина, но според аналитичарите, тоа не значи дека Франција и ЕУ треба да го препуштат Балканот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This