ОД ОХРИД ДО ЦРНО МОРЕ СИТЕ СЕ БУГАРИ: Џамбаски бара обединување на бугарските територии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Близок соработник на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека сите луѓе што живеат на потегот од Охридското езеро до Несебар и Варна се ништо друго освен Бугари.


“Ќе разговараме колку што треба. Сто години не сме го завршиле националното обединување. Бугарски национален интерес е меѓу Охрид и Црно Море да нема граница, меѓу Охрид и Црно Море живее еден народ, бугарски народ.“ изјави во емисијата „Ова утро“ на БТВ бугарскиот европратеник од редовите на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски.

Тој не ги споменува Албанците, Турците, Ромите, Србите и другите кои што живеат на овој потег.

Европратеникот реагира на изјавата на професор Драги Георгиев, раководител на македонскиод дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за прашањата за учебниците и историјата.

Георгиев вели дека ако бугарската страна настојува да се напише дека Гоце Делчев е бугарски peволуционер тогаш нема да има резултати по ова прашање по што водителот заклучува дека Македонците одбиваат да го признаат Делчев како Бугарин.

За Џамбаски нема сомневање што бил по потекло и самосвест Гоце Делчев а историјата не може да се смени.

Според него, што бил еден човек, најдобро пишува самиот тој за себе си.

“Гоце Делчев пишува писма на рака во кои се нарекува Бугарин. Откако бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител, неговите браќа биле во бугарските чети и загинале во бугарски битки, кој е тогаш проф. Георгиев за да ја менува историјата”, изјави бугарскиот европратеник.

Тој е категоричен дека пред 1944 година нема македонска нација и дека Гоце Делчев загинал 40 години порано кога не постоел поимот македонска нација.

Треба да се промени начинот на кој се разгледува овој дел од историјата. Историската гледна точка е следна-до 44-та потеклото, карактерот и самосознанието на населението во Вардарска Македонија е бугарско. Потоа започнува формирањето на политичката македонска нација под притиcoк на Коминтерната и со пpeдавството на дел од функционерите во Софија. Тоа е неспорен факт, смета Џамбаски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This