ОД ПЕТОК ПРОБНО ПОПИШУВАЊЕ: Се уште не е донесено законското решение за пописот во 2020

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во петок стартува пробен попис на населението во 13 општини, а нацрт законот е заглавен во собраниска процедура. Откако во понеделникот без особено објаснување беше одложена собраниската дебата, и покрај најавите се уште нема координација на пратеничките групи околу законското решение и најавената средба со првиот човек на Статистика. Координаторот на пратеничката група за Алфа вели дека добил информација дека побаран е состанок, но засега нема никаква реакција од мнозинството. Од друга страна пак немањето закон за директорот на Статистика не е пpeчка за пробен попис.

– Од петок веќе сме и на терен. А пробниот попис не е врзан со законот. Ние нема да објавуваме податоци од него, туку тоа е тестирање. Ќе имаме уште едно пробно тестирање во октомври или ноември, ќе проверуваме технички работи од апликацијата, вели Симовски.

Опозицијата бара да бидат целосно вклучени во процесот. Велат на Македонија и треба европски попис, а не договорен на маса меѓу коалиционите партии СДСМ и ДУИ.

– Функциите се минливи, а Република Македонија е се што имаме, Зоран Заев мора да го разбере ова. Премиерската фотелја не е поважна од интересите на македонските граѓани. Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броеви. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава, се вели во соопштението од опозицијата.

Од власта пак апелиpaaт дека процесот на попишување е многу важен за општеството.

И додека траат партиските пpeпукувања за тоа како треба да изгледа законското решение, во Прилеп, Долнени, Кисела Вода, Зелениково, Гостивар, Кичево, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Куманово, Кратово и во Штип во следните три недели ќе се прибираат клучните податоци за пробното попишување како подготовка за пописот предвиден за април идната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This