ОД СДСМ СЕ ЛИЦEMEPИ: Двајца блиски соработници на Заев на високи позиции во Дрисла изминативе две години – над 2 милиони евра за ЕКО КЛУБ во една година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравјето на граѓаните е најважно од се за сите, сем за лицемерните функционери и Влада на СДСМ. Лицемерно е во време кога СДСМ ја губи поддршката од граѓаните и драстично паѓа на рејтинг кај анкетите, да измислуваат и поврзуваат непостоечки случаеви и скандали со ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Впрочем реалноста е многу поразлична и реалноста е друга, односно не е она кое што го говори СДСМ. Фирмата ЕКО КЛУБ Битола е фирма која од Владата на Заев и СДСМ земала над 130 милиони денари за само една година од институциите, само 2019-тата година, или тоа се над 60 склучени договори за тендери од државните институции.

Ова е навистина импресивно. Нема човек во државава кој не знае дека секој еден тендер што се доделува, директно е запознаен и одобрен од Зоран Заев или од некој негов близок во Владата или во СДСМ. Тоа е едниот момент. Вториот момент е дека член и функционер на СДСМ, Драги Давчевски претходните 2 години е еден од клучните директори во Дрисла, како и друг близок пријател на Зоран Заев од Струмица до пред половина година беше еден од клучните луѓе во италијанската компанија во Дрисла. Очигледни се намерите на Зоран Заев и Владата личниот неуспех и личниот скандал да го префрлат на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал не им успеа. Граѓаните се свесни кој е виновен за целиот скандал и веќе ја знаат вистината за медицинскиот отпад. Каде е тука одговорноста и кога случајот ќе има разрешница? Залудни се дефокусирањата од страна на СДСМ и разрешница и одговорност мора да има што побрзо за овој случај, истакна Арсовски.

Очигледно бизнисот на Заеви и на СДСМ е ставен пред здравјето на граѓаните, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This