Од септeмври се враќа пoлициcкиoт чac

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во градовите и регионите каде ќе се влоши епидемиолошката состојба на есен, може да се врати полицискиот час. Ова е една од рестриктивните мерки во планот на надлежните за справување со Ковид 19 на есен. Лошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ќе ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид вели министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за порталот мкд.мк

-Се спремаме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, па нема да имаме такво сценарио. Имаме план за дополнителни рестрикции согласно некои со мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик – Венко Филипче, министер за здравство.

Тоа значи дека може да се врати и полициски час како една од мерките?

-Апсолутно може, да. Затворање на училиштата, затворање на угостителските објекти, забрана за собири и слично. Но за планот на рестрикции битен е и регионалниот пристап.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This