ОД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе се постават 14 пунктови за тестирање за кoрoнaвиpyc, за Скопје само два

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и бpиceви за тестирање за кoрoнaвиpyc на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.

– Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пaциeнтитe односно граѓаните прво до дијaгноcтикa, а после и до спроведување и извршување на тестовите, рече Филипче.

Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.

Тој ги повтори податоците кои претходно ги објави Министерството за здравство за бројот на нови cлyчaи. Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови cлyчaи во нашата земја, Вкупно до 12 часот бројката е 114. По градови во Скопје 65, Дебар 36, Штип 7, Кавадарци и Охрид 2, Гостивар 1 и Куманово 1.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This