Од 220 држави, Македонија на 17 место по починати и на 31 место по заразени во CBET

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓаволот ја однесе шегата, го нема веќе папагалчето на Филипче, а состојбата со епидемијата на Ковид 19 во Македонија од стабилна многу бргу стана сериозна. Бројките се апсолутлната вистина, а бројките на заразени и починати во Република Македонија се стравични, според бројот на заразени на милион жители во светски рамки Македонија е на високото 31 место од 220 држави, а според бројката починати на милион жители, Македонија е на катастрофалното 17 место.

Токму овие бројќи и овие факти логично упатуваат на прашањето дали Македонија можеше да направи повеќе за да се спасат човечки животи и бројката на заразени да биде што е можно помала.

По завршувањето на денешниот состанок на Советот за безбедност посветен на тема Ковид 19 во Македонија, Инфомакс ги запраша министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев дали државата можеше да направи повеќе за да се спречи ваквиот развој на настаните.

-Македонија е 31 по број на заразени на милион жители и 17 по број на починати на милион жители, можеше ли да се направи повеќе, гласеше прашањето на Инфомакс.

-Секако дека како и во сите земји така и кај нас можеше повеќе да се направи и сите капацитети се се поголеми, без разлика дали бројките се поголеми од пролетта како сега. Секој пат можеме повеќе, но како расте довербата во институцијата и успесите ќе бидат поголеми. Затоа првата порака е да им се верува на институциите, навистина лекарите, медицинските сестри, тоа се нашите роднини нашите пријатели прават. Стручните служби кои се профилирани , стручни тие работат максиманлно професионално, дале заклетва и му служат на својот народ. Ние како Влада сме целосно посветени на проблематиката со Ковид, најповеќе од здравствен аспект секако и од економски аспект, слушајќи ги насоките од здравствен аспект на експертите во државата и така ќе продолжиме и понатаму, вели заев.

Премиерот признава дека можеше да се направи повеќе, веројатно имајќи ги во предвид изборите на кои што се потрошија повеќе месеци во кои власта наместо да се фокусира на справување со есенскиот бран за кој токлку многу се зборуваше се фокусираа на популиза и добивање уште еден мандат.

-Сите превентивни мерки кои ги воведовме, сите мерки за мобилизација на целокупниот здравствен систем се темелат на два принципи тоа е медицинската наука и солидарноста. И тоа е така од почетокот на кризата, сега е навистина најтешкиот период. Ги споредуваме мерките со претставници од околните земји со СЗО, со други земји од светот и секаде се превземени истите мерки. Поамлку или повеќе тоа се истите принципи на превенција и спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници, посебно во овој период се под огромен притисок, огромен број од нив се преморени, но не се предаваат и со се поголем ентузијазам се вклучуваат и во овие нови одделенија и делови од болници кои за наредниот период ги планираме да станат Ковид центри. Апелирам да се почитува работата на здравствените работници и да се почитуваат мерките, вели Филипче.

Загрижува и ставот на Филиче кој речиси и да не одговори на поставеното прашање, но посочи дека сите мерки кои се превземаат во Македонија се копирани од соседни и други држави и СЗО, што пак упатува на тоа дека Македонија и покрај големиот број експерти кои се истакнаа по македонските медиуми тие воопшто не се консултирани и Македонија не спроведува автохтона политика кога станува збор за Ковид 19.

Прашања за Ковид 19 за Заев и Филипче

Заев вели можеше повеќе да се направи за да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид 19!

Posted by infomax.mk on Thursday, November 19, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This