Околу 300 скриени државни органи со директори, коли и одбори цицаат пари од Буџетот, а никој не знае што работат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војска административци се напикани во државни агенции и органи чии називи дури и тие што ги измислиле за да ги размножат како плева, не можат да ги прочитаат, а камоли да ги изговорат, aнализираат од „Сакам да кажам“, од каде додаваат дека ретко кој знае што работат и дали одат на работа, а и тие што одат на работа, со нов предлог-закон би работеле 36, место 40 часа неделно, како обичните луѓе, пренесува СДК.

Разгледувајќи го Буџетот, може да се види дека за сите има посебни ставки за пари. Приватниот сектор кој ги носи на грбот овие вработени во државни органи и агенции со чудни имиња, треба да знае кого сè храни. Одејќи низ Скопје, ќе се сретнат чудни табли со називи. Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Cеверна Македонија и Агенција за поддршка на претприемништвото, се само едни од десетиците измислени органи кои никнуваат како печурки со секоја наредна власт.

Многу нè интересираше, на пример, што работат овие две агенции? Зошто за нивниот резултат од работењето никој не слушнал? До каде сме со нуклеарната централа? Двете се наоѓаат во просториите на старата Комерцијална банка во Скопје. Ние од „Сакам да кажам“ застанавме во ходникот и чекавме три часа некој да влезе, или да излезе од овие две врати. Никој не шушна, сенка не помина ниту од кај „нуклеарците“, ниту од кај „претприемачите“.

Целата сторија на „Сакам да кажам“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This