ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ВЕРУВА: Истрагата за азилот на Груевски е во тек, Спасовски верува дека ќе успеат да го вратат во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се уште верува дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија каде го очекува двегодишна зaтвopcка кaзнa за дело кое според екс-премиерот не се случило

 

 

– На крајот на истрагата ние ке знаеме што и како е направено,точно кој помогнал и како помогнал. Секако дека индиции постојат за повеќе луѓе и тоа не само вработени во МВР , туку и луѓе надвор од МВР, кои што се смета дека биле логистика и кои што помогнале во бегството. Меѓутоа тоа истрагата треба да го покаже,да ги обезбедат сите аргументи и факти,ние стоиме до крај на располагање во однос на тој процес. Јас сум убеден дека тој процес ќе заврши и токму ќе се посочат и луѓето кои што помогнале и за кои ќе бараме одговорност, вели Спасовски.

– Ние имаме сомневање на многу лица,тоа го работиме заедно со ЈО, ние постојано сме во координација и постојано се прибираат информации и се анализираат тие информации.Но нормално , никоја истражна постапка , па ниту оваа не можеме вака да ја водиме отворено, во однос на конкретизирање на тие лица , но секако дека постојат повеќе лица, сепак на крајот ќе видиме каков ќе биде епилогот на целата постапка и истрага и целиот тој процес, додава првиот човек во МВР.

Спасовски е свесен за политичката штета направена со азилот на Груевски, но по неговата партија и владата на СДСМ. Според Спасовски, со право постоеле сомнежи во јавноста во врска со процесот, иако екс-премиерот од Будимпешта за „Инфомакс“ јасно кажа дека никој од власта и опозицијата не му помогнал.

Спасовски ги амнестираше од одговорност и полицајците кои го обезбедувале Груевски.

– Груевски имаше обезбедување по сила на закон, без разлика дали имало проценка за загрозеност на неговата безбедност или не. Во ниту еден момент од завршување на функцијата па до моментот на неговото бегство, немаше ниту една пријава, ниту од службениците кои работеа со енго, ниту негова лична, дека добил било какви закани по живот. Меѓутоа, неговото обезбедување беше врз основа на закон , според кој му следува обезбедување од 6 лица, и тоа за период од толку години колку што е премиер на Република Македонија, и тие лица да ги избере самиот тој. Овој закон впрочем е донесен во негово време , односно во тоа парламентарно мнозинство, рече Спасовски.

– Тие луѓе биле дел од обезбедувањето и кога бил премиер, и тој најверојатно ги одбрал луѓето во кои најмногу имал доверба. Јас воопшто не мислам дека тој ги користел нив, за било што во делот на процесот за неговото бегство, заради тоа што најлогично е да не ги користи бидејчи најлогично е дека би биле први на удар. Внатрешната контрола работеше детално и работи на секој полициски службеник, за кој имаме сомневање или ќе с епојават сомневањаво однос на овој случај и тие материјали се дадени на Обвинителството, додава Спасовски.

 

Отворено Студио 1

Со Борјан Јовановски разгворавме за реформите во Министерството за внатрешни работи, владеењето на право и правната држава, претстојните избори и бегството на Груевски.

Posted by Oliver Spasovski on Wednesday, February 6, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This