ОЛИВЕР ЌЕ ОДИ НА ТРКИ: Спасовски си нарачал за себе Пасат ЦЦ, со 320 коњи и фул опрема за да се вози во МВР!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почетокот на првиот мандат на Оливер Спасовски како технички министер во МВР остана запаметен по тоа што наместо да се посвети на проекти од полза за граѓаните, истиот гледаше да ги избере најлуксузните возила во министерството и да си обезбеди на себе дипломатски пасош.

nova-kola-oliver2

По неколку месеци поминати надвор од министерството, изгледа се промени вкусот на сопартиецот на Заев, но не и приоритетите односно желбата за луксузни лимузини со кои би бил виден во партијата.

По народната поговорка „Волкот го менува влакното, но не и карактерот“, Спасовски повторно го стартува мандатот со потрага по најдобрите возила во министерството кои би го задоволиле неговиот вкус, но и би биле нешто со кое би се гордеел пред неговите сопартијци.

Овој пат за свое возило избрал Volkswagen Passat CC со силина на мотор од 320 коњи кој е со целосна опрема и има погон на четири тркала.

nova-kola-oliver

Спортското возило со кое сака да се гордее Спасовски, има мотор R 36, ист каков што се вградува во Порше Панамера, а развива брзина и над 250 километри на час.

Станува збор за запленето возило кое Спасовски и соработниците го избрале за себе заедно со уште неколку џипови.

За време на својот прв мандат, во кој не сработи ништо, функционерот од СДСМ, Спасовски, се одлучи за луксузно Ауди, а јавноста беше зачудена од неговата злоупотреба на службената положба кога протекоа информации дека тој заедно со своето обезбедување не плаќа патарини кога е на пат.

zaev-spasovski-640x341
Според снимките кои протекоа на Интернет, за разлика од останатите граѓани, вработените на местата за наплата на Спасовски и соработниците им ги креваа рампите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This