Омикpoн бpaнот е кај „млада, здpaва и вakцинирана“ популациja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Податоците од Данска покажуваат дека над 70% од случаите на омикрон се меѓу лицата на возраст под 40 години.

Комбинацијата на „млади, здрави, вакцинирани“ ја дополнуваат и бројките од Британија и Јужна Африка. До сега омикрон е регистриран во повеќе од 60 држави низ светот.

„Генерално првите случаи се релативно млади, релативно здрави и – во контекст на Европа – од релативно високо вакцинирани групи,“ изјавува високиот офицер за итни ситуации на СЗО, др. Кетрин Смолвуд.

Данските бројки, освен овие 70% под 40 години, се и дека околу 75% од случаите се целосно вакцинирани поединци, што потврдува дека и со две дози може да се заразиш од вирусот.

Бројот на новозаразени во Данска од почетокот на декември е пораснат за една третина и покрај тоа што речиси 80% од населението е двојно вакцинирано. Земјата минатата недела ги стегна рестрикциите и го ограничи времето на работење на угостителските објекти и порано ги затвори училиштата за божиќните празници. И покрај сите овие работи, експертите очекуваат дека омикрон наскоро ќе стане доминантен сој.

На ниво на Европа, според европското ЦДЦ 72% од заразените од овој сој се меѓу лица под 40 години, а истите бројки доаѓаат и од САД. Американските власти откриваат и дека 79% од заразените со омикрон се вакцинирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This