Онлајн наставата ќе почне на 1 октомври, онаа со физичко присуство можно е да доцни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Онлајн наставата ќе започне на 1. октомври, додека за наставата со физичко присуство се можни промени, доколку има влошување на епидемиолошката состојба, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Собранието, кое треба да одлучува по измените и дополнувањата на законите за основно и средно образоввание.

Она што денеска го знаеме е дека планот на Владата е наставата да започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од eпидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онјалн, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна eпидемиолошка состојба одиме со планот којшто е подготвен – рече Царовска.

Со законските решенија кои денеска влегоа во собраниска седница, според Царовска, се уредува можноста влада со уредба да го утврдува почетокот и крајот на учебната година, траењето на училишниот час, начинот на организирање на наставата со далечинско учење или со физичко присуство, како и начинот на уредување на распустите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандмани со кои ќе побара Владата да обезбеди компјутери за секое дете или барем за оние кои се во социјален ризиk за онлајн наставата, бидејќи, како што рече, Благица Ласкоска, основното и средното образование се задолжителни и тие се обврска на државата.

Министерката Царовска рече дека повеќе од 40 000 деца немаат ИТ уреди, но дека и покрај разговорите со МАСИТ и поголемиуте компании кои се занимаваат со набавка на ваква опрема, за 30 дена не може да се набави таа количина на компјутери.

Во меѓувреме, наставниците се уште се обучуваат за платформата за онлајн настава, по што таа ќе биде официјално тестирана, а до почетокот на учебата година ќе биде спремна.

На прес-конференцијата во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ласкоска ја праша власта и дали планира сkрининг на наставниците од основното и средното образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This