ОН: Пoвeќe од пoлoвинa од нaceлeниeтo во Либан би мoжeлe да ocтaнaт бeз хpaнa до кpaјoт на гoдинaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од половина од населението во Либан би можело да остане без основна храна до крајот на годинава, поради економската криза и по експлозијата во која беше уништен голем дел од пристаништето во Бејрут, предупредија денеска Обединетите нации (ООН).

Владата мора да преземе итни мерки за спречување на кризата, рече Рола Дашти, која е на чело на Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЕСЦВА).

Таа ги повика властите да ги обноват силосите уништени во силната експлозија во пристаништето на 4 август.

„Пристаништето е главната точка на влез на стоки во Либан, што зависи од увозот на храна”, наведува агенцијата на ОН.

ЕСЦВА претходно соопшти дека Либан е парализиран од последиците од бројните шокови што ја осиромашија економијата и предизвикаа невиден пораст на стапката на сиромаштија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This