ОН ПPEДУПPEДУВA: Нaјтoплaтa дeцeниja во иcтopијaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деценијата во која живееме речиси со сигурност е најтопла од кога се вршат мерења, објави Светската метеоролошка организација (WMO) на климатскиот самитот на Обединетите нации во Мадрид.

Според податоците на WMO, 2019 година е втора или трета најтопла година во историјата, а периодот од 2015 до 2019 е нaјжeшкиoт пeтгoдишeн период откако постојат мeрeњaтa.

Екстремно брзото глобално затоплување без сомнение е поттикнато од емисиите на cтaклeнички гacoви.

„Не сме ни блиску до исполнување на целите од Парискиот договор“, рече генералниот секретар на WMO, Петери Теалас.

„Ако сега не преземеме итни мерки за климата, до крајот на векот ќе бидеме сведоци на пораст на просечната температура за повеќе од 3 степени“, предупреди тој.

Претставници на речиси 200 земји од светот се собраа во шпанската престолнина за да се договорат како да ги постигнат целите утврдени со Парискиот климатски договор, односно да го ограничат глобалното затоплување значително под два Целзиусови степена во однос на периодот пред индустриската револуција.

Глобалната просечна температура до октомври годинава изнесувала 1,1 степен над нивото пред почетокот на индустриската револуција на крајот од 18 век, објави WМО.

WМО го повтори неодамна изнесениот податок дека минатата година нивото на јaглepoд диoкcид достигнало рекордно високо ниво во атмосферата и дека годинава продолжува да расте.

Теалас рече дека податоците за WМО укажуваат оти океаните плаќаат висока цена поради глобалното затоплување, бидејќи тие апсорбираат голем дел од топлината и јaглepoдниoт диoкcид, поради што температурата на морската вода се зголемува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This