ООН започнува иcтpaгa за злocтopcтва за време на koнфлиkтот во Газа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот за човекови права на ООН донесе одлука денес да започне меѓународна истрага за злосторствата извршени за време на единаесетдневниот конфликт меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.

За да започнат истраги гласаа 24 земји, девет беа против и 14 воздржани. Резолуцијата беше усвоена по цел ден специјални сесии.

Израел денес ја одби, а Хамас ја поздрави одлуката на Советот за човекови права на ООН да започне меѓународна истрага за злосторствата што може да се случиле во израелско-палестинскиот конфликт, јави Танјуг.

Израелското Министерство за надворешни работи објави дека Израел нема да соработува во истрагата, имајќи предвид дека станува збор за обид за „миење на злосторствата извршени од Хамас“.

Од друга страна, портпарол на Хамас рече дека нивните активности се „легитимен отпор“ и повика на „итни чекори да се преземат“ за казнување на Израел.

Резолуцијата за започнување меѓународна истрага за злосторствата во Газа е поднесена од Организацијата за исламска соработка и палестинската делегација до ООН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This