Опозицијата го блoкиpa парламентот: Еден позитивен пратеник, еден чека резултати од тест, Собранието не може да одржи седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден позитивен пратеник, еден чека резултати од тест, Собранието не може да одржи седница поради неприсуство на опозицијата.

Еден пратеник од владејачкото мнозинство е позитивен на коронавирус, а уште еден е тестиран и за него се чекаат резултати.

Ова, како што појасни координаторот на СДСМ Јован Митрески на почетокот на 30-тата седницата за која се уште не е утврден дневниот ред, е причината поради која во Собранието не може да се обезбеди кворум од 61 пратеник за работа.

Тој ја обвини опозицијата дека со денешното неприсуство на седницата покажува недржавничко однесување, особено, како што рече, што на оваа седница, меѓу другите, се измени на Законот за лекови, поврзани со вакцинацијата против КОВИД-19.

-Опозицијата има други интереси, теснопартиски и лични, за да се прикаже државата во лошо светло, поради што трпат институциите и државата, рече Митрески додавајќи дека од овие причини опозицијата го блокирала донесувањето на Деловникот за онлајн седници со цел, како што рече, да може да ја кочи работата на Собранието.

На ова реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој истакна дека неприсуството на опозицијата на седницата е резултат на, како што рече, недемократското однесување на мнозинството во Парламентот.

-Опозицијата е цело време во Собранието и ќе ви дишеме цело време во врат се додека се обидувате на ваков начин да ја преставите демократијата во Република Македонија. За жал имаме позитивен колега и колега кој очекува резултати на кои им посакувам добро здравје и побрзо враќање во пратеничките клупи, но она што го зборуваме од почетокот се покажува на дело, затоа што со 62 пратеника се однесувате како да имате 100, рече Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This