April 28, 2024, 10:36 am

Опозициjaта ja нaпyшти coбраниската caла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците по скартена постапка го донесоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Целта на Законот е да се предвиди ефикасна изградба на модуларни градби за вршење на здравствена дејност, поради справување со последиците од коронавирусот.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски смета дека овој закон е задоцнет, но добро е што се носи. Укажа дека не поднеле амандамни во интерес на итноста и додаде оти ВМРО-ДПМНЕ нема да го закочи носењето на овој закон.

По ова, пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската сала, а претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека било договорено 20. и 21. седница да продолжат денеска последователно, а законите што се однесуваат на ученичкиот и студентскиот стандард се поврзани со анти-ковид мерките. Тој посочи на здравствена состојба во земјава и додаде дека преовладува политичката одлука, наспроти општата потреба на граѓаните и инстититуциите.

– Политичката одлука на опозицијата е легитимна од политички аспект. Сметам дека не соодветствува со актуелната состојба со коронавирусот и јавно ги повикувам и апелирам колегите од опозицијата да се преиспитаат, барем во овој период, во кој сите ние заедно, позиција и опозиција, граѓани, земја, регион и целиот свет се справуавме со последиците од пандемијата со Ковид-19. И верувам дека во ваква состојба нема простор за меѓусебна партиска и политичка битка, нагласи Џафери.
Потоа тој ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за нејзиното продолжение.

Од дневен ред на 21 седница беше повлечен материјалот за Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република.

Пратениците денеска прво ја започнаа 20 седница, на чиј дневен ред беше и Предлог – закон за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, во второ и трето читање. Претседателот на Собранието Џафери информира дека од Владата им најавиле оти нивните претставници не можат да бидат присутни и од тука не може да се отвори расправа.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално рече дека на дневен ред има точки на кои може да се дискутира. Тој соопшти дека Предлог – законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, и на собраниска комисија реагирале дека не му е тука местото.

– И денеска е недозволиво на закажана пленарна седница, на која присуствуваат пратениците во Собранието да немаме претставници од Владата, а предлагач на овој закон е Владата, а претставници се Зоран Заев и Фатмир Битиќи, рече Мицевски и побара одговорност од Владата за присуство во Собранието.
Тој побара согласно член 78, став 2, Собранието без претрес, со поддршка од најмалку десет пратеници да врши предлог на измени на редоследот на претресот на точките и побара Предлогот за избор на судија на Уставен суд, да се разгледа како прва точка на денешната седница. Џафери речде дека за тоа е дискутирано, дискусијата е завршена и додаде оти не се создадени услови за работа.

Мицевски процедурално, исто така повикувајќи се на законите, побара измена и на дневниот ред на 21. седница, односно разгледување на Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, во прво читање, поднесен од повеќе пратеници од опозицијата. Неговиот предлог не беше прифатен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This