По инспиративниот и моќен говор за борбата за женските права и слободата на медиумите на доделувањето на Златните глобуси, ширум Америка започнаа да кружат гласини дека легендарната ТВ водителка сака да се кандидира за претседател на САД во 2020 година.
Нејзини блиски пријатели им потврдиле на американските медиуми дека Опра “активно размислува” за кандидатура на претседателските избори.
Најплатената американска јавна личност отсекогаш сметала дека нема доволно искуство за водење на држава, но Трамп влијаел на неа и направил таа “малку подобро да размисли за својот скептицизам”.
“Премногу долго жените не беа спремни да ја говорат вистината поради моќта која поединечни луѓе ја поседуваат, меѓутоа нивното време истече. Сакам сите девојчиња кои го гледаат ова да знаат дека доаѓа нов ден. И кога тој ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде поради мноштво величенствени жени од кои голем дел се токму во оваа просторија вечерва, и некои феноменални мажи кои силно со борат да станат лидери кои ќе нè однесат во време во кое никој повеќе нема да мора да каже “и јас исто така”, се зборовите со кои Опра ја крена холивудската публика на нозе.