ОПШТИНА КАВАДАРЦИ: Мерки пpoтив кopoнавирус, ќе се постават и пунктови за дезинфекциja на раце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Се апелира до сите жители на општина Кавадарци во наредниот период да избегнуваат посета на институциите. Своето функционирање да го приспособат согласно моменталната ситуација во нашата земја која се води според дадените заклучоци, мерки и препораки, се со цел превенција од ширење на болеста. Исто така апелираме до сите жители на општина Кавадарци да се придржуваат кон сите заклучоци, мерки и препораки од Владата на Република Македонија, Министерството за здравство и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Се потсетува дека на официјалните профили и веб сајтови на овие институции секојдневно се објавуваат нови информации и препораки за превенција.

– Во текот на денешниот ден, во централното градско подрачје ќе се постават и пунктови за дезинфекција на раце, се вели во апелот, пропратен со алгоритам за постапка со патници кои се вратиле од земјите со висок, среден и низок ризик на заболени од коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This