ОРБАН: Демократијата не мора да е либерална

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, при посетата на унгарското малцинство во Романија, го kpитикуваше концептот на либералната демократија, заговарајќи наместо тоа „илибepална“, национална и христијанска демократија. Притоа Орбан се заложи за зачувување на слободниот пазар, демоктратските правни и политички рамки, но со промена на постоечките општествени односи.

„Со други зборови, ‘да’ на демократијата, ‘не’ на либерализмот“, рече Орбан, додавајќи дека „мораме да размислиме и да го поставиме односот меѓу поединецот и општеството на нова основа“. Според него, либералниот систем гледа на општеството како збир на поединци, без постоење на нации, или пак во најдобар случај дозволува постоење само на „политичка нација“. За разлика од ова, „илибералното, односно национално гледиште“ гледа на нацијата како „историски и културно дефинирана заедница чии членови мораат да бидат заштитени и да се способни да се одбранат во
светот како група“, објасни тој. Орбан порача дека либералите ги мразеле илибералите затоа што се водат од империјалистичко размислување втемелено на исклучивост.

„Тие не можат да истрпат мала упорност“, рече унгарскиот премиер и обвини дека либералите се нетолepантни кон Унгарија, Полска, Австрија, Италија и Чешка затоа што овие земји имаат свои вредности до кои се држат. Орбан оцени дека идејата на либералната демократија имала „позитивно влијание на човештвото“ кога ги заштитувала личните слободи и приватната сопственост, но обвини дека нејзината „содржина радикално се променила“ кога истата почнала да ја намалува важноста на религијата и нацијата и го довела во прашање „родовиот идентитет“. Целта, пак, на илибералните политики, истакна Орбан, е христијанската слобода.

„Политиките насочени кон христијанската слобода работат на тоа да заштитат сè што либералите запocтавуваат, забораваат или пpeзираат“, рече унгарскиот премиер. Орбан не пропушти и уште еднаш да го критикува милијардерот Џорџ Сорос, кого го обвинувaaв за промовирање на либералната агенда, уништување на нацијата и традиционалните вредности.

„Унгарија денес е на ветувачки пат. Нејзините финансии се средени, јавниот долг опаѓа, растот е силен, растат платите, малите и средните претпријатија се шират, семејствата стануваат сè поголеми“, рече тој, посочувајќи дека „човек на Сорос“ е спречен во тоа да ја преземе Европската комисија и милијардерот е спречен во тоа да постави своја „идеолошка герила“ на важните европски позиции. „Човекот на Сорос“ за кој зборува Орбан е Франс Тимерманс – „шпиценкандидатот“ на социјалдемократите кој како потпретседател на ЕК покрена постапка против Унгарија поради кршење на владеењето на правото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This