ОРБАН И КУРЦ СО ИСТ СТАВ – ОВА Е ОРГАНИЗИРАНО СЦЕНАРИО: Европа се moбилизара за мигpaнтите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сериозна закана за Европа е новиот мигрантски бран. Лидерите на поголем дел од земјите членки на Унијата предупредуваат дека мигрантите се злоупотребуваат за да се направи притисок на ЕУ. Австрискиот Канцелар Себастијан Куртц како главен виновник го посочи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Канцеларот смета дека Ердоган свесно ја организирал акцијата со бегалците, на кои им ставил на располагање и автобуси, Турција им давала лажни информации со што се правел притисок на границата кон Грција.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан предупредува дека ова е организиран инвазија на Европа. 95 отсто од мигрантите се воено способни мажи истакна Орбан, а таканаречените хуманитарни невладини организации кои ги поддржуваат делуваат како групи за трговија со луѓе. Овие организации имаат значително финансирање и значителни логистички способности, додаде премиерот на Унгарија.

Ситуацијата со мигрантскиот бран од час во час се комплицира, дополнително откако турскиот претседател вчера потврди дека одбил милјада евра помош од Европа за да ги прифати мигрантите во Турција. Изминативе денови илјадници луѓе навалија на границата кон Грција и многу веројатно е повторно преку Макеоднија, Србија, да се излејат во Европа.

Од 10 до 15 пати е зголемено присуството на македонската полиција и армија на јужната граница иако до овој момент според надлежните на котата 59 е мирно. Шефот на државата Стево Пендаровски вели дека нема никаква назнака во наредниве денови, кон територијата на Македонија да дојде до голем прилив на мигранти. Но будноста е на високо ниво.

– Ако можевме со највисоки оценки да го завршиме менаџментот на кризата 2015/2016 со тој транзит од 1,3 милиони луѓе преку нашата територија, сега не дај Боже да дојде таква ситуација меѓутоа ние сме подготвени и повторувам тоа не можеме да го направиме сами туку со одлична соработка со партнерските држави во рамки на НАТО Алијансата и се разбира со нашиот сосед Република Грција – изјави Стево Пендаровски претседател на државата.

Фронтекс од пред неколку дена го зголеми своето присуство на границите, но во Брисел постојат планови и дополнително да се зголеми ако има потреба. А каква е состојбата на грчко-турскатаграница денеска се увери и врвот на ЕУ. Брисел најави помош од 700 милиони евра за Грција, во финанси и во техничка опрема за полесно спарваување со мигрантите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This