ОРЕЛОТ ЛЕТНА КОН ЗАПАД: Голема Албанија стигна до Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците, им поделил буквари на албански јазик на неколкумината ученици од велешкото село Стари Град , кои од неодамна почнаа да посетуваат настава на албански јазик.


Притоа, не заборави да направи фотографија со разлетан орел со прекрстени раце, симбол од албанското
знаме, кое го користат сите Албанци во светот.

Под фотографијата објавена на INA- Iliria News Agency , пишува:

,,Зијадин Села ги посети децата во Велес и покажа дека тука ќе се зборува SHQIP! Гест што секој албански
политичар треба да го направи!“

Во основното училиште, во селото Стари Град, општина Чашка, каде живеат 50 жители, учат 7 деца. Поради
недостиг на наставници Албанци и учебници на албански јазик, учениците мора да учат на македонски јазик.

Поради тоа, децата од ова село, но и жителите, полека го забораваат мајчиниот јазик. По тој повод Села им
подари буквари и порача дека тие ќе учат, како што вели SHQIP!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This