ОРИЃАНСКИ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ РАБОТА?: Цели шест месеци Албанија го koчи стартот на работата на Македонскиот културен центар во Тирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе половина година албанскиот Парламент не го ратификува договорот за почеток на работата на Македонскиот културен центар во Тирана.

Македонското друштво „Илинден“ од Албанија, ексклузивно за Алфа го изразува незадоволството од непотребното забавување на работата за овој значаен Центар, а прстот го вперува кон Владата на Рама…

„Македонското друштво „Илинден“ го изразува своето незадоволство од Владата на Република Албанија бидејќи уште не е ратификуван договорот за отворање на Културен центар во Тирана. Овој културен Центар е многу важен за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија“, изјави претседателот на Македонското друштво „Илинден“, повикувајќи ја Владата на Еди Рама што побрзо да го испрати Договорот за ратификација во Парламентот.

За темата почна да зборува познатиот музичар и поддржувач на актуелната власт уште од Шарената револуција, Златко Ориѓански, кој инаку е поставен за прв човек на Центарот. Сега на Ориѓански му пречи што соседите, како што пишува на социјалните мрежи, сакаат влијание во – според него, МКД, ама не сакаат македонско влијание во сопствениот двор.

„… aтомска централа да отворавме, полесно ќе одеше. Македонската страна, одамна го заврши својот дел од постапката. Интересни се сите наши соседи, сакаат да имаат влијание во Мкд, ама ич не им се бендисува ако некој од овде, стапне во нивниот двор. Овој факт, добро е да го знаат нашите сограѓани со албанско етничко потекло и медумите во Мкд на албански јазик…“ напиша Ориѓански на својот ФБ профил.

Инаку, Културно-информативниот центар е предвиден со договорот меѓу македонската Влада и Советот на министри на Албанија кон крајот на мај годинава. Македонецот Васил Стерјовски кој од пред неколку месеци е дел од пратеничкиот мандат во тиранското Собрание каде влезе како дел од независната пратеничка група, формирана од пратениците на Социјалистичкото движење за интеграција, со кое македонската партија таму МАЕИ настапуваше во изборната коалиција во јуни 2017 година, не е целосно во тек со проблемот со Центарот. За Алфа вели дека до утре би имал конкретмни информации што точно се случува и зошто договорот е закочен во парламентот во Тирана.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This