ОРЦЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“: Доцна вечерва со полициска придружба Камчев префрлен дома – следен за ослободување Мијалков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По речиси два месеци поминати зад решетки, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, вечерва излегоа од истражниот затвор „Скопје“.

Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор.

Камчев и Панделески се осомничени во истрагата на СЈО, “Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор. Тој поднесе гаранција од еден милион евра, а сега СЈО е на потег, бидејќи треба да дадат мислење. За притворот на Мијалков ќе одлучува Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Од “Шутка” во текот на утрешниот ден можно е да излезат и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, за кои СЈО даде позитивно мислење, односно се согласува мерката притвор да им се замени со мерка куќен притвор.

Извор:
Фокус.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This