ОРЦЕ КАМЧЕВ:Јас би го потпишал истиот договор со Грција, ќе гласам „за“ на референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот македонски тајкун Орце Камчев, кој важеше за близок до претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше сопственик на поранешната медиумска империја „Медиа Принт Македонија – МПМ“, за „Фактор“ изјави дека тој го поддржува Договорот од Преспа и лично се залагал да помине референдумот.

Јас лично сум ‘ЗА’ договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност, кажа Камчев.

Камчев додаде дека референдумот мора да биде успешен.

Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум, изјави Камчев.

Во интервјуто, познатиот тајкун изјави дека повеќе не е близок со Сашо Мијалков.

Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата, изјави Камчев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This