Османи за пpoблемот со Бугapија: Отвopaње на дополнителни пpaшања не е во интepес ниту на двете стpaни, ниту на пpoцесот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во одговор на новинарско прашање посочи дека проодлжува усогласувањето со Софија околу најавениот акциски план.

Шефот на дипломатијата пред два дена разговарал во Софија со бугарската колешка Екатерина Захариева, а како што вели комуницираат и двете министерства со цел да може да се пристапи кон следниот чекор, а тоа е одржување на меѓувладината средба.

– Мислам дека засега прашањата за коишто разговараме се јасни. Нашата интенција е дека треба да се вратиме на Договорот, на начелата на Договорот или инструментите коишто ги предвидува Договорот. Мислам дека се повеќе од бугарска страна се потврдува таа интенција дека само Договорот е решението, а Договорот има јасни утврдени насоки кои се разликите и како треба да се надминат разликите. Мислам дека отворање на дополнителни прашања не е во интерес ниту на двете страни, ниту на процесот, изјави Османи.
Министерот за надворешни истакна дека продолжува комуникацијата со Бугарија на политичко ниво како и работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Но, вели дека, не секогаш на секоја средба на комисиите може да се очекува по некој спектакуларен резултат, и затоа е интенцијата овие средби да бидат почести за да се дојде до решенија.

– Имало прогрес вчера, усвојување на записникот, разговарано е отворено, конструктивно, но не е постигнато одредено усогласување за прашањето за препораките во делот на учебниците итн. што не значи дека разговорите од вчерашната и завчерашната средба не се добра основа за следната веќе која што е закажана за месец дена да може да се најде одредено решение, рече Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This