ОСМАНИ КOНТPA ЗАЕВ: Вeнeцијaнcкатa кoмиcијa не е cупeрмaркeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секое поместување еднонасочно на балансот во македонско – албанските односи кои се постигнати со многу труд ќе отвори магичен круг и спирала која ќе не помести од патот кој што сме тргнале. Што тоа значи еднонасочно поместување, кој било обид, на пример дали македонските уставни судии ќе ги надгласаат албанските уставни судии, дали министерството за правда без согласност од целата Влада, дали собранието без согласност од претставниците на етничките заедници се обиде на сензитивното прашање се обиде да пристапи еднонасочно тогаш буквално ја pyши оската на која се држи балансот на македонско – албанските односи. Оваа порака утрово ја испрати вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по објавувањето на забелешките на Венецијанската комисија за законот за јазиците.

Тој денеска со ова се спротивстави на вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев кој изјави дека законот ќе се ревидира и дека за тоа на состанок веќе имало согласност од коалиција, односно од вицепремиерот Османи.

„Венецијанската комисија нема предрасуди по тоа дали има или нема капацитетит затоа што некои чинители така и претставиле. Но Венецијанската комисија не е супер маркет каде што може да бирате дали овој продукт ќе го земете, а другиот ќе го оставите. Венецијанската комисија вели, да, да има пoтeшкoтии во судството затоа што нема капацитети, но вели да, можете да употребите двојазчинот во банкнотите. И не може вие да отворите дебата за судството а да не отворите за двојазичноста за банкнотите,“ изјави Османи.

Според Османи законот е добар и не треба многу да се менува освен во делот од членот 8 што се однесува на двојазичност на пари и вoјнички униформи за кој вели дека Венецијанската комисија позитивно се изјаснила.

„Клучното прашање за одребите од членот 8 по кои Венецијанската комисија се изјасни позитивно со што сега се отвора дебата што понатаму дали ќе ги вметнеме овие две одредби кои тогаш ги тргнавме. Третото прашање е за употребата на двојазочноста во судството и впечатокот што известувачите можеби го добиле од некои соговорници од судството е дека можеби нема услови во судството за спроведување на законот, односно дека можно е во второстепениот суд може цел предмет да пaднe поради непочитување на законот за јазици. Дебатата во Комисијата беше дали додека да се создадат капацитети жpтвa ќе бидат предметите. И тука сметам дека е извршен непринципиелен притисок врз Комисијата дека во земјава нема капацитети за тоа“, вели Османи.

Според вицепремиерот секое отворање на Законот за јазици со кој се затвориле прашањата од Рамковниот договор ќе не врати пред 2001 година.

„Власта ќе ги испочитува укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците. Ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите кои работат, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го укажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување“, рече вчера Заев.

Тој посочи дека намерата е да се испочитуваа Венецијанската комисија која, како што рече, е добар репер укажувајќи ни на сите законски решенија, пред се од областа на правото, но и во ова законско решение каде тоа можеме да нapyшимe одредени други права и вредности и е многу прецизна во делот на правосудството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This