ОСМАНИ НА „ЗАЕДНО КОН ЅВЕЗДИТЕ“: Процесите биле сложени, Османи не е оптимист за датум за преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секретаријатот за европски прашања денеска во Струга ја одржува годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“, на која се врши пресек на досега сработеното во областа на европските интеграции, а ќе бидат отворени и темите поврзани со перспективите и очекувањата од новата Европска Комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, како и можностите на СЕП и воопшто на земјава, за усогласување со новите европски перспективи.

На воведниот дел од конференцијата насловен „Состојбата со Европските интеграции на Република С Македонија, предизвиците и можностите по октомврискиот самит на ЕУ” свое обраќање имаше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Тој односите во самата ЕУ во овој миг ги оцени како доста сложени, но со очекувања за позитивен развој на настаните, преку изнаоѓање начин како земјата да ги отпочне претпристапните преговори за членство во Унијата.

Османи забележа дека самите односи во рамки на ЕУ и натамошната динамика на нејзиното проширување се одвиваат со, како што рече, „далеку помала предвидливост“.

– Земјата беше подготвена за почеток на преговори за членство, Но, беше направена грешка, а сега сите се обидуваат да најдат начини како да се поправи таа грешка. Прво тоа беше францускиот нон-пејпер како писмо со намери, како и вчера објавениот нон-пејпер на девет членки на ЕУ, кој е развивање на француската идеја во подобра насока, имајќи ги предвид нашите укажувања дека има прашања кои ние не можеме да ги прифатиме, рече тој, оценувајќи го тој процес како позитивен развој на ситуацијата.

Османи изрази очекување дека Европската комисија наскоро ќе предложи нова методологија за проширување на ЕУ.

– Ако во февруари имаме вонреден извештај на Комисијата што ќе биде позитивен, тогаш во март можеме да имаме услови за некаква одлука. Меѓутоа, премногу се сложени односите во ЕУ, важно е ние да сме подготвени, ако можеме до тогаш да го донесеме законот за јавно обвинителство, рече Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This