Османи на „пеглaњe“ во Атина: Грција бара забpaна за знameто од Кутлеш и cтpиктнa употреба на Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката дипломатија прави шаховски потези. Не навлегувајки помеѓу спорот Скопје-Софија и не застанувајки на ниту една страна помеѓу соседите, владата на Мицотакис порача дека Грција ќе притиска за македонските евроинтеграции, а Македонија да го имплементира целосно Договорот од Нивици.

Шефот на грчката дипломатија Дендиас побара стриктна употреба на новото име Северна Македонија нагласувајки дека тоа треба да го користат дури и веб порталите. Официјална Атина бара целосно отстранување на сонцето од Кутлеш,а Дендиас го потсети Османи дека Македонија не смее да прави кампањи со Александар Велики.

„Потребен е поголем прогрес.Од една страна во конзистентноста на користењето на името и терминологијата од сите јавни институции и приватни ентитети, вклучувајки ги и вебсајтовите. Од друга страна на радикализацијата на проблемот со антиквизацијата. Отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни места и употреби. Драг министре, морам да кажам дека тоа што е кристално јасно во Преспанскиот Договор е јасноста на тоа што се случувало во антиката. И едно е јасно. Со целата почит, вие прифативте дека нема вршите кампања со Александар Велики.“ – Никос Дендиас МНР Грција.

Дендиас испрати и порака до Унијата, велејки дека има обврска да ја задржи на маса политиката на проширување и да не дозволи вакум на нестабилност во регионот.

Османи пак кажа дека Македонија ќе се држи до исполнувањето на одредбите од Преспанскиот Договор.

„Како непосреден сосед кој воедно и членка на ЕУ, сметам дека е особено важна принципиелната поддршка од страна на Грција за почеток на преговорите со Северна Македонија, без одложување. Ја цениме оваа поддршка и ја сметаме за еден од клучните инпути во создавањето долгорочно пријателство меѓу двете земји. Во истата насока сакам да ја нагласам и соработката во рамките на НАТО, преку аранжманот меѓу двете држави за заштита на воздушниот простор.“ – Бујар Османи МНР.

Според Преспанскиот Договор Македонија има обврска придавката Северна да ја користат сите државни институцуии, вклучувајки ги и приватните ентитети кои се финансирани од државни пари.

Османи денеска има средби со претседателката на Грција Сакеларопулу и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This