Османи: Оваа блokaда тpeба да ја гледаме како пpeчка на патот која треба да нè мобилизиpa и рeopганизира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека постои теоретска можност, но се помали се можностите неделава на министерскиот и на состанокот на лидерите од земјите-членки на ЕУ да се отвори прашањето за проширувањето односно да има одлука за одобрување на преговарачката рамка што ја блокираше Бугарија.

„Процесот се отвора денеска со Советот за општи работи кој ќе се одржи онлајн, тие се неформални што значи не може да се донесе одлука односно одлуката треба претходно да се усогласи доколу сакаме да имаме формална одлука. Така што денеска не може да очекуваме одлука заради таа причина. Меѓутоа останува уште Европскиот совет во четврток на состанокот на премиерите и шефовите на држави, кој исто така е една теоретска можност да се отвори прашањето, иако како поминуваат деновите се помали сè помали се можностите“, изјави денеска Османи.
Тој вели дека целиот овој процес несреќно се најде помеѓу два изборни процеси, во Северна Македонија во јули годинава, а во Бугарија во март наредната година, но очекува дека во наредниот период ќе спласнат емоциите.

Затоа, според Османи, треба да се продолжи да се разговара со Бугарија, која според него јасно кажала дека не претендира кон нашите прашања за идентитетот.

Шефот на дипломатијата вели дека Северна Македонија имала чисто досие за исполнување на критериумите за почеток на преговорите, но за жал, тоа не се искористи за да се даде шанса за старт на преговорите.

Сепак, тој вели дека треба да разбереме дека станува збор за процес кој е обременет со многу пречки и затоа не треба да се откажуваме, туку да продолжиме да работиме и да се реформираме.

„Ова е еден од најкомплексните и најтешките процеси за една држава. Беше обремен во минатото, ќе биде и во иднина. Не смееме овие пречки да ги гледаме како непробивни ѕидови туку како пречки на патот. Исто вакво чувство не безнадежност имаше и во октомври кога се изгуби довербата дека процесот дава резултати и мислевме сите дека треба да чекаме Европа да се реформира, па потоа проширувањето да се врати на агендата, меѓутоа во март имаше одлука на тие земји кои не дадоа ’пас‘ во октомври. Сметам дека така треба да ја гледаме и оваа блокада, како пречка на патот која треба да нè мобилизира и реорганизира. Нема алтернатива од европскиот пат, од добрососедските односи“, вели Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This