ОСМАНИ ОТИДЕ ДА MOЛИ ВО УНГАРИЈА: Cтартот на преговори значи поддршка од сите земји – членки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во рамките на работната посета на Република Унгарија оствари средба со Саболч Такач, Државен министер за европски работи при канцеларијата на Премиерот Виктор Орбан, и претставник на Република Унгарија во Европската Унија.

„Како земја имаме недвосмислена потврда за остварениот напредок и според политичките и според реформските критериуми, што со сигурност ќе се рефлектира и во содржината на претстојниот Извештај на Европската Комисија“ истакна Османи, изразувајќи уверување дека Комисијата во својот Извештај ќе посочи дека Република Македонија и суштински е подготвена за почеток на преговорите со Европската Унија.

„Континуираната поддршка од страна на Република Унгарија за европските интеграции на Република Македонија, претставува важен елемент вграден во денешниот успех на нашата земја, и како долгогодишни пријатели, ја очекуваме оваа поддршка и во пресрет на престојаните самити на Европската Унија“ истакна Османи, посочувајќи дека очекувањата и во Северна Македонија, но и во целиот регион на Западниот Балкан се дека на претстојните самити Европскиот совет ќе ја потврди одлуката од минатата година, за старт на преговорите со ЕУ.

Османи ја продолжува работната посета на средба и со Министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, каде покрај европските интеграции на земјава, ќе бидат отворени темите и за билатералните односи, билатералната поддршка, како и севкупната соработка меѓу двете земји.

По Унгарија, Османи продолжува на работна посета на Хрватска, на средба со Министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ Буриќ, а ќе оствари средба и со Претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This