Османи се фали дека му дал откaз на професорот кој во спopoт со Бугарија побара да не се витка kичмaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на дипломатијата Бујар Османи донел одлука да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, а кој пред две недели најави оставка од Комисијата, поради, како што напиша, директни мешања на висок функционер од МНР во работата на Комисијата.

Министерот Османи во изјава за „Слободен печат“ вели, дека тогаш најавил истрага во врска со обвинувањата на Ѓоргиев, а откако се покажале како неосновани, одлучил да го смени.

– Професорот не ја поднесе формално оставката, но јас донесов одлука да се прекине договорот, бидејќи тој дозволи меѓу два изборни круга политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата. Посебно што аргумент ни е ставот на другите членови, кои едногласно кажуваат дека никогаш немало притисоци од Владата или од МНР и дека се изненадени од таквиот став. Имајќи го предвид периодот на оставката, јасно е дека е политички компромитиран процесот во неговиот случај и тој договор треба да се прекине и да се најде нов член. Јас очекувам самата комисија да ми предложи нов член, тие ги знаат експертите, знаат од која област им фали, а јас потоа да го предложам до Владата, вели министерот Османи.

Во врска со критиките дека Комисијата не постигнува резултати во својата работа, Османи во изјава за „Слободен печат“ посочува дека политичарите од двете држави може да интервенираат во динамиката на средбите, но не и во содржината на разговорите.

Во врска со втората меѓувладина седница меѓу Македонија и Бугарија, која според Договорот за добрососедство треба да се одржува еднаш годишно, Османи вели дека за жал, Бугарија и покрај сите наши обиди и напори, сè уште не прифатила одржување на втората меѓувладина седница.

-Долгиот предизборен период таму како и техничката влада, се разбира дека придонесоа за тоа, а тоа е добра платформа каде што би се дефинирале некои правила на игра, вели министерот Османи.

Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, на 22. и 23. од минатиот месец го одржа 15. состанок на кој не беа донесени решенија и препораки. Состанокот се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу првиот и вторит круг од локалните избори, а во Бугарија во тек на кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, закажани за 14 ноември.

Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија е согласно Договорот за пријателство потпишан меѓу двете земји во 2017 година, а нејзината работа е една од точките на патоказот 5+1 како можно решение за спорот со Бугарија и деблокада на нашите пристапни преговори со ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This