Османи утре во Брисел на состанокот на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Република Македнија, Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи, што по пауза од една година заради Ковид-19 пандемијата ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на Алијансата.

– Дисусијата на состанокот е предвидено да вклучи прашања од приоритетен интерес за НАТО, како што се состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од МНР додаваат дека министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, а се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.

– Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од Република Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО, во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји-членки на НАТО и партнери, истакнаа од МНР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This