ОСОМНИЧЕНИТЕ „ШВЕРЦЕРИ“ БЛИСКИ ДО АРТАН ГРУБИ?: Социјалните мрежи вријат, Артан Груби од ДУИ посочен како близок до напаѓачите на младиот Саздовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалните мрежи се преплавени со постови поврзани со смртта на младиот комита Никола Саздовски чиј живот прерано згасна утринава. Имено според неофицијални извори напаѓачите на Саздовски дел од навивачката група Шверцери и се блиски до Артан Груби и ДУИ, а според информациите кои кружат во јавноста тоа е и причината зошто обвинителството го оквалификувало настанот како обично физичко насилство иако младото момче утринава почина.

Доколку направиме компарација со престрелката која се случи во Мала Речица помеѓу фракции на ДУИ во која еден од учесниците го загуби својот живот ќе дојдеме до заклучок дека многу веројатно ни во овој случај правдата нема да биде задоволена. Судот за престрелката во Мала Речица на четворица од обвинетите им досуди само четири месеци затвор. Иако во престрелката со огнено оружје загина едно лице, Наим Реџепи од Куманово, обвинителството ги осуди Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи на блиску до минималната казна за делото учество во тепачка.

Нема правда, нема мир, но заплашувањето на јавноста е пуштено на најако. Причините во моментов за нападот се нејасни, но според некои наши информации на настанот не му претходеле никакви, расправии, ниту пак конфликти. Младиот Саздовски беше член на навивачката група ,,Комити’’, а и дел од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а според наши информации пред се огромен патриот, доколку сево ова го имаме во предвид јасна е заднината на овој настан, да се влее страв во овие неколку наредни клучни месеци за државата, на сите оние кои се противат на промената на името и се што следува во наредните денови.

Мало потсетување што правеше истиот тој Артан Груби при инцидентите на Скопското Кале.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This