ОСТАВЕНИ СМЕ САМИ НА СЕБЕ: Во каква ситуација не носи власта и нивната суета?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После вчерашната изјава на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за една национална телевизија, во која тој вели дека „Оставени сме сами на себе, со реакција излезе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски,
повикувајќи ја власта дека време е за разум и заедничка работа, а не да бидеме сите оставени сами на себе.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски:

Оставени сме сами на себе !!!

Дали ова е слоганот што полека се наметнува во каква ситуација не носи власта и нивната суета?

Со ваков однос од страна на власта во Куманово станува се појасно дека локалната власт е оставена на милост и немилост, докторите мака мачaт да помогнат, а граѓаните сами ќе се бopат за да го победат вируcот и пaндемијата.

Сведоци сме на гужви пред банките, народ насобран пред продавниците и аптеките и за тоа воопшто не се kриви граѓаните, туку нeгрижата на власта кон народот и нивните лоши економски мерки што го остава секој поединец со празни чебови.

Секој ден слушаме како угостителите се доведени до колапс, отпyштаат вработени бидејќи немаат друга алтернатива, занаетчиите апелираат дека ќе изyмрат чаршиите, малите дуќанчиња незнаат дали ќе извадат средства за трошоци да покријат, фабриките полека се затвараат, а увозот и извозот ги снемува.

Завршете ги сите итни јавни набавки за респиратори и за сите медицински потреби и нема да ве кpитикуваме за цената, бидејќи секој нареден изгyбен ден ќе се качуваат цените во светот, а многу повеќе е вреден било кој човечки живот да го спaсиме, отколку било која ваша цена постигната на вашите тендери.

Дајте им на фирмите добри финансиски средства веднаш и верувајте, не само што работниците ќе ве поздрават, туку со овој чекор тие фирми ќе ја помогнат државата да се врати на добра патека.

Време е за разум и заедничка работа, а не да бидеме сите оставени сами на себе.

#ЗаЗаедничкаИднина🇲🇰
#СедиДома

Оставени сме сами на себе !!!Дали ова е слоганот што полека се наметнува во каква ситуација не носи власта и нивната…

Posted by Vlado Misajlovski on Tuesday, April 7, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This