Остин: Слeднaтa вojнa ќe бидe мнoгy пopaзличнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД мора да се подготват за потенцијален иден конфликт, кој многу ќе се разликува од „старите војни”, изјави денеска американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Остин повика да се работи на развој на технологијата и подобри глобални воени врски со цел „да се донесат побрзи одлуки и да се дејствува побрзо”, пренесува Гласот на Америка (ВОА).

– Нашата борба во следната голема војна ќе биде многу поразлична од претходната, рече Остин во американската пацифичка команда на Хаваите.

Сепак, тој не спомна конкретно ривали како Кина или Русија, ниту посочи за кој конфликт може да станува збор.

– Не можеме да предвидиме што ќе се случи во иднина. Затоа мора да направиме вистинска комбинација на технологија, оперативност и можности и да се поврземе така што секој наш непријател ќе размисли добро пред да стори нешто, истакна шефот на Пентагон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This