„ОСУМТЕМИНА“ НЕМА ДА ГЛАСААТ: Канчевка – Милевска вели дека тие нема да гласаат ако Заев ги прифати барањата на БЕСА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група, составена од осумтемина пратеници на опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот, е против барањата на БЕСА. Од таму сметаат дека не треба да се менува она што е Договорено со Грција, односно дека треба да остане државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, пренесува „Фокус“

Доколку се прифати барањето на БЕСА, да се избрише „македонско“, осумтемина пратеници најверојатно ќе се повлечат и нема да ги поддржат уставните измени – пишува „Фокус“

-Не отстапуваме од она што е од договорено со Грција, односно државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Тоа е нашиот краен став. Тоа е најголемата придобивка и јакнење на идентитетот. Со Грција се договоривме, сега ќе го распрчуваме договореното меѓу нас – велат од пратеничката група со која координира пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, пренесе „Фокус“

-Не прифаќаме никакви отстапки во имплементацијата на Договорот кои се однесуваат на државјанството и тука нема дискусија. Не прифаќаме никакви чепкања во уставниот законик во однос на преговорите, а кои би се однесувале на државјанството – велат од независната пратеничка група за „Фокус“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This