ОТЕЦ ПИМЕН СВЕДОЧЕШЕ: Ден по 27 април Богдан Илиевски ми се исповеда и веднаш ми кажа дека намерата не било да се влезе во Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април, на предлог на обвинетиот Богдан Илиевски сведочеше и „шарениот владика“ Пимен. Како што објасни тој самиот, така го нарекуваат поради неговата поддршка за „Шарената револуција“.
Пимен зборуваше за меѓусебното пријателство со Богдан Илиевски, кое траело неколку години, а почнало кога се запознале преку социјалните мрежи.
Отец Пимен го нарече Илиевски свое „духовно чедо“ и рече дека често се исповедал кај него.

Така било и ден по случувањата на 27 април, кога Илиевски му кажал на Пимен дека намерата не било да се влезе во Собрание и дека смета дека „За Заедничка Македонија“ треба да продолжи со протестите за да си го врати угледот.

Пимен сведочеше и дека Илиевски, познат како Бетмен, не учествувал во протестите за пари или некаков напредок во кариерата, туку од искрени побуди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This