ОТКРИЕНА ЛОКАЦИЈАТА НА КОЕ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО: Во селото Нивици ќе се запечати велепредавството на двоецот Заев – Димитров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во преспанското село Нивици или Псаридис, на грчки, утре ќе се потпише Договот за спорот со името, кој се најавува како историски бидејќи со него ќе се затвори долгодишниот спор меѓу Македонија и Грција, јавува „ТВ 21“.

Во селото со само 60-тина жители речиси сите зборуваат и разбираат и грчки и македонски јазик. Денеска во Нивици се бојадисуваат ѕидовите, се чисти канализацијата, се означуваат точките каде што ќе биде поставена бината за утрешниот настан во селото Нивици во грчкиот дел на Мала Преспа.

Но во селото денеска немало многу полицајци или војска за обезбедување на утрешниот собир на кој е најавено присуство на премиерите и министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, но и гости од меѓународните организации. Еден од одговорите на прашањето зошто токму областа околу Преспанското езеро е одбрана за потпишување на билатералниот договор е дека ова место има историското значење за Македонија уште од времето на Народно-ослободителната борба и АСНОМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This