ОТКРИЕНО ЗОШТО ИЗГУБИ КЛИНТОН: Заев и дал јавна поддршка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лош ден за Зоран Заев. Во предвечерието на американските претседателски избори лидерот на СДСМ Зоран Заев јавно го соопшти својот став дека тој и неговата партија навиваат за победа на демократите, како и дека се надеваат на победа на Хилари Клинтон која би станала првата жена претседател на Соединетите Американски Држави.

hillary-clinton

Заев беше гостин во 24 Анализа со Мишко Иванов на ТВ 24 Вести, а домаќинот го замоли да даде своја прогноза за изборите во Америка кои тукушто беа започнати.

-Навиваме ние за демократите. Се надеваме дека Америка ќе има женски претседател, истакна Заев.

Експертите кои ги консултиравме сметаат дека Зоран Заев чисто од опортунистички причини решил јавно да го поддржи кандидатот кој имал најголеми шанси за победа, со цел да му се умилкува. „Затоа е насмеан како да се слика за пасош“, вели еден коментатор на фејсбук на видеото од одговорот на Заев кое се појави на интернет.

Други коментираат дека јавното застанување на Заев против Трамп и поддршка на Хилари Клинтон е своевиден реванш за ангажманот на западни дипломати блиски до Клинтон околу Заев и СДСМ, како и помошта која ја добиваат од нив. Трети пак велат дека не се работи ни за едното, ниту за другото туку едноставно Заев е влезен во серија на грешки кои ќе кулминираат на изборите на 11-ти декември.

СДСМ не само што навиваа за демократите и се надеваа дека Хилари ќе победи, туку и активно учествуваа во кампањата на Клинтон.

„Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев е во студиска посета на Вашингтон, Соединети Американски Држави, како дел од кампањата на Хилари Клинтон, кандидатка за претседател на САД од Демократската партија“ – ова стои во официјалното соопштение на партијата со кое СДСМ уште пред неколку месеци го зазеде својот став во однос на американските избори.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This