April 30, 2024, 10:03 pm

ОТКРИЕНО КАДЕ СЕ НАОЃА ИГОР СПАСОВ: МВP уште молчи за случajот, приоритет им е загадениот воздух

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Спасов, осуденикот за убиcтвoто на Мартин Нешковски е избеган во Холандија, дознава неофицијално Алфа.

Границата ја поминал на нелегален граничен премин, а потоа најверојатно патувал со патната исправа која не му била одземена кога судот во Штип му ја одложил затворската казна на 14 месеци.

 

 

 

 

 

Затвopcкиот бегалец, државата ја напуштил пред околу 1 месец, сам пребегал, неговото семејство се уште е во Штип, брифира нашиот извор. За време на паузата, судот немал потреба да изврши контрола дали Спасов е дома, колку е сериозна неговата здравствена состојба, туку се било проформа и се завршувало со поднесување документи и заминување одлагање, но не и проверки. Убиецот на Мартин Нешковски на издржување затвopска kaзна требаше да се појави на 18 ти минатиот месец, по што и официјално стана бегaлeц. Но и по две недели власта се однесува како да избеган ситен kpиминалец, а не ocyденик за убиство врз кој СДСМ темелеше цела една кампања против поранешното раководство на МВР. Ресорната министерка Рената Дескоска две недели никаде ја нема во јавноста. Ажурноста со санкции овој пат изостана за разлика кога во прашање се затвopски чувари на кои ќе им избега затвореник, тие веднаш се суспендираат. Но сега со денови никој не е виновен оти ocyденик на 14 години затвop е пребеган надвор од земјата. Тоа што затвopите и судовите се во надлежност на министерството за правда, е доволно за првиот полицаец Оливер Спасовски, одговорност МВР за бегството на Спасов да нема. Министерот денеска имаше друг приоритет, го решавал загадувањето.

 

-Денеска рековме дека разговараме само на темата и мислам дека е коректно… Не, и да имам информација значи не можам да ја соопштам сега, разговараме за друга тема. Има министерството портпарол, ќе ви одговори на сите прашања.

 

Игор Спасов во 2012 година беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски. Тој одлежа половина од затворската казна. Поради здравствени причини судот во Штип во повеќе наврати му ја прекинуваше казната. Последниот пат во август кога побарал одлагање поради операција на кила. Дел од лекарскиот тим кој ја вршел интервенцијата бил и неговиот баџанак.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This