Отkaко caми cи ги покачиja плaтитe, Bлaдaтa го згoлeми бyџeтот за ycтавните cyдии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ставката за плати и надоместоци за Уставен суд од 25.580.000 за 2020 година се зголеми за 26.580.000 денари во предлог-буџетот за идната година, откако уставните судии со измена на Деловникот за работа си изгласаа додатоци на платите за висок ризик во работата и за доверливост.

Владата одвоила и 16.000 евра за Уставниот суд, да купи службен автомобил, ставка која што ја немаше во годинашниот буџет.

Уставните судии на 22 октомври сами си изгласаа додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата, за да бидат исти како судиите и обвинителите, кога направија и преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место Парламентот да им ги изгласа со закон.

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, рече дека не може со Деловникот за работа на Уставниот суд судиите да си го зголемат надоместокот на плата, но Комисијата допрва ќе заседава за оваа интерна одлука на осумтемина уставни судии од 22 октомври.

Претходно, уставните судии не дозволија во вонредната состојба платите да им се намалат, па експресно ја ставија на дневен ред таквата Владина уредба и веднаш ја поништија. Тогаш всушност уставните судии не ги спасија само своите, туку и платите на судиите, обвинителите, пратениците, директорите и други јавни функционери. Судот одлучи дека уредбата е противуставна.

На истата седница поништувачка одлука Уставниот суд донесе и за Уредбата со која беа запрени надоместоците и додатоците на плата на вработените во администрацијата, зашто повеќето не одеа на работа поради пандемијата со коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This