Охpид завиeн во цpно: 35 годишна охриѓанка пoчинa од Koвид 19 без претходно да има симтоми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тага и неверување во семејство во Охрид. Почина 35 годишната Ивана која дотогаш немала никакви симптоми!
Се се случило само во два дена, без предходни симптоми!

Ивана пред два дена добила покачена температура, температурата и се смирува со помош на таблети.

Но после кратко време температурата повторно и се покачува по што се алармира брзата помош во Охрид, каде се носи во инфективно оддление при што веднаш се приклучува на кислород за дишење.

Но поради влошената состојба коефициентот кој треба да биде најмалце 60 (*волумен на белите дробови) се спушта на 30 поради што инфективното одделение од Охрид се одлучуваат да ја испратат во специјалната болница Систина во Охрид за да ја стават на респиратор за дишење, бидејки истиот го нема во Охридската ковид болница.

Од наши блиски извори дознаваме дека и од две докторки на ифективно во Охрид една е болна. Персоналот работи со намален капацитет, и под константен притисок.
Сепак и покрај интервенцијата на Охридската болница, и ангажирањето на медицинско возило, Ивана починала на пат кај Кичево, не издржала да ја однесат во Скопје.

Дали Ивана ќе беше денес жива ако во Охрид имаше респиратор за дишење? Кој ќе сноси одоговорност што сега една цела фамилија се зави во црно?

Извор: Магазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This