ОЧАЈ И НЕРВОЗА НА БИХАЧКА: Шарените пратеници со закани до Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Павле Богоески или новопечениот пратеник, кој своето столче си го заработи преку платената шарена револуција, најпрво покажа елементарно непознавање на законите, за сега да покаже дека е длабоко поделена личност.

pavle

Богоевски на својот Фејсбук профил во една иста објава во стилот на Др Џекил и Г-дин Хајд, најпрво изразува загриженост за тоа што ДУИ губи политички поени, а од друга страна им упатува сериозни закани.

„Непишаните политички правила велат дека сега е период на молчење, за да се избегне влегување во конфликт со политички структури кои се потенцијални коалициски партнери.

Затоа, нема да кажам ништо, само ќе поставам неколку прашања:

  1. Знае ли али ахмети дека со секој ден на мудрување, тој своерачно ја пролонгира кризата во која сите сме премногу долго?
    2. Знае ли али ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?
    3. Знае ли ахмети дека со секоја изгубена секунда, тој губи и гласови?
    4. Знае ли ахмети дека граѓаните гласаа за политчарите конечно да се фатат за работа и да почнат да ги решаваат реалните проблеми на граѓаните, а не да седат дома и да чекаат да видат на која страна дува ветрот во Мала Речица?
    5. Знае ли ахмети дека единствената причина зошто тој сега е во центарот на вниманието е дека на Македонија и’ се ужасно потребни пратениците од ДУИ, а не дека некој верува во неговите демократски капацитети? И дека ова е период кога ТОЈ треба да моли за нова шанса, а не ние него за помош?

Доволно време изгубивме. Секој нареден чекор (вклучително и чекањето) ќе има големи последици по нашата држава. Ниту ахмети, ниту дуи, ниту кој било друг од нас не може да побегне од одговорноста која ќе следи – морална, политичка, но и кривична.“,напиша тазе политичарот Богоевски.

pavle-bogoevski

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This